“Шармантно копиле” на масата за преговори – кој е британскиот министер за Брекзит?!

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Непоколеблив евроскептик, убеден дека Европската унија ќе попушти пред опасноста да го изгуби главниот трговски партнер и ќе направи отстапки за условите за Брекзит – ова е новиот британски министер за заминувањето од ЕУ Дејвид Дејвис.

zx450y250_2794964

“Тврдоглав, практичен бизнисмен, кој на континентот ќе направи се што е потребно трговијата со Британија да продолжи непречено”, рече тој во својот говор за време на кампањата пред референдумот и посочи дека разговорите треба да се одржат прво не со Брисел, туку со Берлин.

Во Германија се базирани многу меѓународни компании, кои не би биле среќни за нивниот бизнис со Лондон, кој треба да биде оданочен. “Германскиот канцелар ќе сака да го избегне тоа, особено во изборна година”, истакна Дејвис. “А во Европа германскиот канцелар добива она што сака”.

Негова главна задача ќе биде да најде одговор на загатката како Велика Британија да го задржи пристап до заедничкиот пазар и истовремено да го ограничи слободното движење на граѓаните од ЕУ, пишува агенцијата “Ројтерс”.

“Откако еднаш ќе сфатат дека нема да отстапиме од контролата на границите, ќе биде во нивен интерес да започнат да преговараат”, напиша тој во понеделникот во текст за конзервативниот веб Conservative Home.

Според него, земјата не треба да брза да го активира член 50 од Договорот за ЕУ, кој дава почеток на двегодишниот рок за напуштање. Ова веројатно ќе им задваа проблеми на европските лидери, кои многу инсистираа за “брз развод” со Лондон.

67-годишниот Дејвис бил заменик-министер за Европа во МНР меѓу 1994 и 1997 година

Во неодамнешно интервју за “Јоркшир пост” тој потсети дека неговите колеги на континентот го нарекувале “шармантно копиле” за време на дискусијата на Договорот за ЕУ ​​во тоа време.

“Луѓето мешаат тоа да си против ЕУ со тоа да си антиевропски настроен”, истакнува Дејвис. “Се сметам за европски граѓанин во најширока смисла на европската цивилизација, но тоа не значи дека планирам да се помирам со бирократијата на ЕУ”.

Во 2005 година, досегашниот премиер Дејвид Камерон го победи Дејвис во борбата за лидерството на Конзервативната партија. Познат бранител на граѓанските слободи, Дејвис жестоко го критикува Камерон и Тереза ​​Меј за нивните планови да се прошират овластувањата на разузнавањето и полицијата за следи и снима и слуша.