Додека злоупотребувачот изведувал гнасно дело, девојката гледала како на неколку метри истата судбина ја зафатила друга девојка
18-годишно девојче е забременето , откако било силувано во ноќта на Нова година во Келн. Таа е една од над 1200-та женикои се пожалија на сексуални напади извршени од имигранти во германскиот град, кои првично локалната полиција се обиде да го прикрие, соопштува “Дејли Меил”.При немирите во градот девојката била силувана меѓу група мажи кои ја симнале на земјата. Таа била силувана заедно со друга девојка. Двете се меѓу првите жртви на распојасаните имигранти кои а новогодишната ноќ во Келн ја направија вистински кошмар.
Како што локално.мк соопшти во серија напади, најверојатно организирани преку социјалните мрежи, стотици млади мажи напаѓаа славенички на плоштадот пред станицата,фаќкајќи ги удирајќи ги, и крадејќи им ги нивните лични предмети. Стотици се поплаките за нападнати жени кои биле силувани или сексуално малтретирани. Десетици сведоци биле сослушани во последната серија истраги за случајот, соопшти Фарук Маар, која е менаџер на Проектот за девојките во Келн. Токму таа открива за случајот со тинејџери, силувани и забременети пред централната станица во градот. “Таа била земена од пријателките и била удирана и префрлана од еден маж до друг. Конечно била фрлена на земја и силувана. Таа ми кажа дека на неколку метри од неа друга девојка, Леј на земјата, исто така била силувано. Таа се обидела да даде сигнал на другото девојче да ги затвори очите, но тогаш мажот и ја грабнал нејзината глава и ја натерал да гледа кон него “, раскажува Маар. Кошмарот завршил, едвај кога полицаец го тргнал мажот, а таа избегала панично кон дома. Од срам таа одлучила да не соопштува за силувањето во полицијата и никогаш повеќе не го отоворила прашањето. Но отишла во болница. Таму станало јасно дека 18-годишното девојче е бремена и бил извршен абортус