Клик плус: Граѓанските организации бараат инти демократски реформи

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Граѓанските организации се целосно исклучени од преговарачкиот процес во Пржино, смета Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование. Граѓаните мора да се охрабрат во политичкиот живот преку измени во законите за референдум, локална самоуправа, вели Маричиќ за ТВ21.

grani

„Значи првата мерка која ја предлагаме е намалување на сите прагови за директно учество на граѓаните во донесувањето на одлуките. Тоа се однесува на сите оние референдуми, петиции, иницијативи од државно па на локално ниво.“, изјави Бојан Маричиќ.

Втората и третата точка од Документот предвидуваат ревидирање на Одлуката за функционирање на Советот за соработка меѓу невладините организации и Владата и промена на законите за надлежностите на полицијата за разбивање на толпа, употреба на гумени куршуми и снимање на протестите.

„Проценка на ризици од корупција во смисла на борба против корупција треба да се направи во сите институции коишто даваат пари, субвенции или собираат пари. Сите институции кои имаат инспекторати и полицијата т.е. МВР и УБК. Тоа се клучните институции кои треба да го зајакнат интегритетот пред изборите.“, изјави Миша Поповиќ.

Медиумската сфера треба да се стави прва на преговарачката маса. Тоа е поради фактот што на власта и е најтешко да се откаже од силата што и ја даваат медиумите за да влијае врз јавното мислење. Професорката Трпеска ги повтори ставовите за барањата на новинарската фела, а тоа е меѓу другото и забрана за државното рекламирање.

„Најголем дел од тоа што се емитува не се јавни кампањи или кампањи за промовирање на некои вредности од јавен интерес, туку е политичко рекламирање на партијата на власт, со државни пари или со пари од граѓаните.“, изјави Снежана Трпевска.

Содржината на документот на граѓанските организации е за обезбедување услови за одржување на фер избори./извор ТВ21