Состојки:
За 4 парчиња суфле:
2 јајца и една жолчка
80 г путер
90 г шеќер во прав
150 г природно чоколадо
ванила
2 лажички природно какао
20 г брашно
Подготовка:
Стопете ги путерот и чоколадата на водена бања. Може да го направите тоа и во микробранова печка, побрзо е. Во сад ставете ги двете јајца и жолчки заедно со шеќерот и ванилата.
Измешајте добро со помош на миксер. Потоа додадете стопен путер и чоколадо и мешајте повторно.
Последно ставете брашно и какао. Откако ќе се добие хомогена смеса намачкајте го садот за печење со малку масло и какао по дното и ѕидовите.
Наполнете го садот со смесата (малку над средината на секоја садот) и печете во загреана рерна на 180 степени помеѓу 10 и 15 минути (зависи од рерната). Кога ќе го сервирате суфлето, ставете го во сад, посипете го со малку шеќер во прав и по желба украсете со топка сладолед.