Францускиот премиер Мануел Валс беше исвиркан од толпата во Ница пред точно пред давањето на едноминутното молчење во спомен на загинатите 84 лица по нападот извршен од Мохамед Бухелал, пренесе ББС.
Луѓето извикуваа “убиец” и “оставка” пред минутата посветена на жртвите, која се одржа денеска во цела Франција. Многу од жителите на земјата се незадоволни дека иако покрај острите мерките за безбедност нападот не беше избегнат.
Претходно, поранешниот претседател и сегашен опозициски лидер Никола Саркози ја обвини социјалистичката влада дека не успеала да обезбеди безбедност за граѓаните.
Делови на армијата ќе бидат распоредени по туристичките места воа позадината на тековната истрага за можни врски на Мохамед Бухелал со џихадистски групи.
Саркози повика сите странски државјани кои имаат врска со радикаленислам, да бидат протерани од Франција.
Во исто време министерот за внатрешни работи Бернар Казнев објасни дека до моментов истражните органи не утврдиле поврзаност помеѓу атентаторот од Ница и која и да е терористичка група.