Телескопот „Кеплер“ пронајде 104 нови планети, на четири од нив можеби има живот

од Vladimir Zorba
93 прегледи

 

Американската вселенска агенција НАСА вчера соопшти дека со помош на вселенскиот телескоп „Кеплер“ се откриени нови 104 егзопланети, од коишто за четири се претпоставува дека се „населиви“, односно на нив има услови за живот._89656525_89656524

Во продолжение на мисијата К2, во која во мај оваа година се пронајдени 1.284 планети надвор од сончевиот систем, со помош ма „Кеплер“ се пронајдени 197 нови „кандидати“ за планети, од кои за 104 е потврдено дека се планети.

Со оваа бројката на познатите егзопланети се зголеми на 2.492, од кои на 25 би можело да постои живот.

Меѓу тие 104, четири планети орбитираат околу ѕвездата К2-72 и се од видот карпести планети, исто како и планетата Земја. Ѕвездата К2-72 се наоѓа на 181 светлосна година од нашиот сончев систем и припаѓа на соѕвездието Водолија. Таа е ѕвезда од М-категорија („црвени џуџести ѕвезди”), во којашто спаѓаат околу една четвртина од досега откриените ѕвезди.

Планетите кои кружат околу неа се со пречник меѓу 20 до 50 отсто поголем пречник од оној на нашата планета, иако нивната матична ѕвезда е двојно помала од Сонцето, а со тоа и емитирањето на светлина е двојно помало. Животот на овие планети е возможен од причина што тие се блиску до К2-72. 3а споредба нивната оддалеченост е помала од онаа помеѓу Сонцето и Меркур, што ги сместува во т.н. „населива зона“.kepler_all-planets_may2016

Научниците претпоставуваат дека две од планети кои се најблиску до К2-72, се прекумерно топли и можноста на нив да има живот како на земјата, се помали. На останатите две, пак, голема е веројатноста да постои вода, што е основен услов за зачеток на примарни животни форми.

Годината на К2-72c, третата од својата ѕвезда трae 15 земски денови и тaa е десет oтстo потопла oд 3eмjaтa. Годината на четвртата планета, наречена К2-72е, трae 24 наши денови и тaa е за шест oтстo потопла oд 3eмjaтa