Русија: Задушенa од самоволие и безправие, земјата се празни…

од desk3
86 прегледи

 

“Не сакам моите деца да растат во атмосфера на злобнопатриотарство, понижувачки рабување пред власта и омраза кон непријателот”, вели мој познаник кој напуштил Русија. Како него мислат повеќе луѓе. Коментар на DW.

0,,16243457_303,00

Во едно свое интервју познатиот руски писател и дисидент Леонид Бородин раскажува дека чувствувал речиси физичкa одвратност од тоталната советска пропаганда и сакаше да се крие од неа, шетајќи низ тајгите. Но Бородин ја сакаше татковината и покрај трагичната судбина никогаш не мислел да емигрира. Голем број негови сонародници во тие времиња едноставно и свртуваа грб на својата татковина. Така беше во времето на Брежњев, така е и сега.

Изгубената иднина на земјата
Статистичките податоци покажуваат дека од 2011 до 2015 година бројот на руските емигранти е зголемен речиси 10 пати. Точно е дека поголемиот дел од овие луѓе се работнички емигранти во ЗНД, кои подоцна се враќаат назад во Русија. Но независно од засилената антиамериканска пропаганда, бројот на Русите кои аплицираат за американски “зелени карти”, достигна историски максимум. Се повеќе руски граѓани се обидуваат да добијат и државјанство во различни европски држави. Најлошото е тоа што тоа се претежно млади и образовани луѓе со квалификации и идеи. Притоа податоците се однесуваат само на оние кои не се скриени од социјалната желба да емигрираат. Но дали сите се толку откриени? Едвај.

Ердоган: Народот верува дека пучистите заслужуваат смртна казна

Руските програмери и научници одамна станаа дел од светскиата креативна елита. Само во Силиконската долина во САД работат десетици илјади Руси. Ова, се разбира, е резултат и од глобализацијата на пазарот на трудот. Во исто време не е воопшто случајно што работникот Русин во САД најчесто е програмер, а типичниот гастарбајтер во Русија е консиерж.

Новата политичка емиграција
Брзото зголемување на бројот на емигрирачки Руси се совпадна со третиот мандат на Путин и неуспехот на протестното движење од 2011-2012 година. Тогаш конечно загина надежта за промени во земјата, а меѓу претставниците на “креативната класа” стана многу популарна паролата на црниот хумор “Путин засекогаш”. Тоа пак значи дека е дојдено време секој да се спасува надвор од земјата. Ненајавената војна со Украина и разгорувањето на патриотарската хистерија во средствата за јавно информирање само ги засилија овие расположенија.

Во денешна Русија нема толку многу политички емигранти, кои ќе ја напуштат земјата под заканата од репресија. Многу побројни се оние кои не учествувале директно во протестите, но пак се одлучиле да емигрираат поради однесувањето на власта во последните години. Мој стар познаник-претприемач неодамна го затвор бизнисот и откако си купи стан во Рига се пресели со целото семејство во Латвија. Тој немаше никакви основи да е незадоволен од животот во Русија. Напротив – бизнисот му одеше добро, но психолошката ситуација во земјата очигледно стана за него неподнослива. “Телевизор може да го исклучиш, но нечистотијата продолжува да не залива од сите страни. Не сакам моите деца да растат во атмосфера на патриотарство, понижувачко робување пред власта и омраза кон некој имагинерен непријател”, велеше тој. Друго познато семејство пак одлучи да ја напушти земјата, откако нивната ќерка била подложена на неподнослив притисок од страна на наставниците и соучениците, поради тоа што отворено ја осудила анексијата на Крим.

Нема напредок без слобода

Луѓето бегаат од Русија, бидејќи се чувствуваат безправни. “Во Русија силните на денот можат да ти го одземат бизнисот, полицијата – да те извади виновен, државниот службеник да те присили да му дадеш поткуп, за да направи нешто за кое добива плата, а синовите твои да бидат повикани во армијата, за да бидат испратени да се борат во уште некоја војна. Ми омрзна од сето тоа и решив да избегам “, ми призна неодамна еден од новите руски емигранти.

Обесправениот и задушен од бирократски диктат човек не располага со лична слобода, односно со можности за креативна реализација. Недостатокот на слобода не и дозволува и на економијата да се развива иновативно. Сите обиди да се создаде сопствена “Силиконската долина” во една авторитарна и корумпирана држава можат да доведат најмногу до појава на некоја химера во која чуварите на “државните тајни” и разпределувачите на буџетски средства (често тие се исти луѓе) се побројни од оние кои реално работат и создаваат некаков иновативен производ.

Како феудалец кој се обидува да ги задржи своите селани, Владимир Путин се чуди што странските компании ги “цицаат” младите таленти на земјата. Тој, сепак, не е во состојба да и го понуди на оваа “креативна класа” најважното: економска и духовна слобода. Затоа луѓето бегаат кон држави во кои има подобри услови за развој.

Додека постои овој политички систем, нема да исчезнат и причините кои доведуваат до овој нова бран на емиграција од Русија. За среќа во денешно време е веќе невозможно да се издигне ѕид кој ќе ја одвои Русија од останатиот свет. Значи најактивните и креативни личности и понатаму ќе ја напуштат земјата, чии шанси за подобра иднина стануваат мрачни.