Вокс – Њујорк
Дамнешната 2004 година Европската народна партија ЕПП, најголема партија на десниот центар во Европскиот парламент, го освои најмногу пратениви. Во исто време, Хозе Мануел Барозо првпат стапи на должноста претседател на Европската комисија, извршен орган на Европската унија.
Во текот на двата мандата на Барозо, Комисијата главно ја сочинуваа политичари на партиите на десниот центар, а таков е составот и на денешната Комисија на чие чело е Жан-Клод Јункер, уште еден од лидерите на Европската народна партија. Во меѓувреме двапати се одржаа избори за Европскиот парламент и ЕПП цело време освојуваше најмногу пратеници.
Необично е тоа што ЕПП опстојува на власт иако е неуспешна. ЕУ во 2008 година влезе во длабока економска криза, слична на таа во САД, но нејзиното зајакнување беше многу побавно. Треба да се потенцира и дека ЕПП не е посебно популарна. На национално ниво, економскиот неуспех и падот на популарноста би довеле до изборни порази на владејачката партија, но на ниво на ЕУ тоа доведе до дискредитирање на цела институционална структура на Унијата.
Велика Британија на 23 јуни гласаше за излез од ЕУ, а анкетите покажуваат дека таква одлука би донеле и мнозинството гласачи во уште неколку држави членки.
За да се спаси самата себе, на ЕУ и треба вистинска опозиција, политичка сила способна да формулира конкретна алтернативна програма и на незадоволните гласачи да им пружи можност да „ги истераат неспособните‟, а не да ја срушат целата институционална зграда на Европската унија.
Politiken: Критиките кон Русија ја вовлеко Европа во политичка тревога
Најголемата европска партија на левиот центар, Партијата на европските социјалисти (ПЕС), засега е премногу колеблива, несамостојна и под големо влијание на локалните политики. За да се спаси европскиот проект, некој мора да изнесе силни аргументи против луѓето кои го водат сега. Крајната поларизација има свои недостатоци, но Европа ја упропасти спротивниот тренд на преголемата подготвеност на компромиси.
Поимот „лојална опозиција‟ е клучна иновација во институционализацијата на демократијата. Идејата е следна: некоја политичка група може многу остро да ја критикува програмата на партијата на власт, а нејзината критика да не биде сфатена како предавство на државата или нацијата. Тоа значи дека луѓето на власт можат да бидат повикани на одговорност.
Ако гласачите се незадоволни со нивната работа, ривалскиот тим е подготвен и едвај чека да ја преземе власта. Легалната опозиција обично не е возможна во репресивни режими. Но, во ЕУ ја нема поради спротивни проблеми, поради вишок на консензус.
Досегашните европски комисии не беа резултат на избор меѓу тимовите кои се тркаат, туку секоја одржаваше обиди за постигнување на рамнотежа во распределбата на местата меѓу десниот центар ЕПП, левиот центар Партијата на европските социјалисти (ПЕС) и либералниот центар, приближно во согласност со нивното влијание во Парламентот.
Така на гласачите кои се незадоволни од таа состојба им остануваше само едно: да гласаат за некоја од маргиналните партии без конкретна програма, тоа е заклучок дека не се лоши само моментните креатори на европската политика, туку е лоша самата ЕУ.
Политиката на консензус така контрапродуктивно доведе до намалување на консензусот за самото постоење на Унијата, што ќе признаете е поголема катастрофа од неколку жестоки изборни кругови кои сите сакаа да ги избегнат. Институцинално зборувајќи, тоа би значело дека Европската комисија треба да полага сметки на Европскиот парламент, така како што националните влади полагаат сметки на националните парламенти. А постоечката организација ЕУ тоа воопшто не го подразбира.
Членовите на Комисијата ги бира Европскиот совет составен од европски претседатели и премиери. Работата е во тоа што Комисијата која ќе ја избере Советот мора да ја потврди Парламентот.
Во Велика Британија, Данска и во другите уставни монархии обично кралот или кралицата формално го бираат премиерот, а Парламентот треба да ја потврди таа одлука. Со време преовлада нормата, монархот да го именува победникот на изборите и дека тој без тоа не може да добие согласност од Парламентот.
Во 2014 година, Европскиот парламент воведе почеток на таа процедура. Членовите на Европската народна партија, од Жан-Клод Јункер бараа тој да стане претседател на Комисијата ако тие победат на изборите.
На тоа остро приговорија премиерот на Велика Британија. Дејвид Камерон и неколку европски шефови на влади. Но, на крај навистина беше именуван Јункер, иако Советот никогаш формално не се согласи Парламентот да има право да ја наметне својата волја.
Создавањето на вистинска опозициска партија би значело чекор подалеку по таа логика – барање на право победникот на изборите да ги именува сите комесари (за разлика од поразениот, кој тоа право го губи во целост).
Тоа е тешко достижно и бара некое време. Но, јасно е дека гласачите ширум континентот се незадоволни со тоа што Европа ја водат бирократи кои не можат да бидат повикани на одговорност.
Опозициската партија која би го барала тоа, би се наметнала во расправите и би можела да смета на имлицитна или експлицитна поддршка и од евроскептиците и од евроентузијастите. Добра вест е дека таква опозициска партија веќе постои, треба само да почне да се однесува како опозиција. Таа се вика Партија на европските социјалисти (ПЕС) и ги собира најголемите партии на левиот центар од сите европски земји. Тука се британската Лабуристичка партија, Демократската партија на Италија, германската Социјалдемократска партија, француската Социјалистичка партија, шпанската Социјалистичка работничка партија и така натаму.
Бидејќи Европа пред се е во рацете на администрацијата на десниот центар, која спроведувајќи програма на партиите на десниот центар главно не успева да обезбеди просперитет, задачата на ПЕС би била да ја скрати поддршката на владејачката програма и да предложи алтернативна програма темелена на критика на макроекономската политика на ЕУ.
Тоа значи следното: Европската централна банка ЕЦБ да обезбеди целосна вработеност на континентонт, па и по цена на раст на инфлацијата; да се обезбедат парични кредити на европските граѓани и различните фондови за регионален развој: да се зголемат примањата во земјите со висока вработеност како што се Германија, Велика Британија, Данска и Чешка; да се обезбедат држави на благосостојба во цела ЕУ, почнувајќи од минималната старосна пензија и осигурувања во случај на невработеност.
Оваа програма би донела победа на социјалдемократите на изборите за Европскиот парламент во 2019 година и тие би можеле да побараат поддршка од помалите блокови на либералите, зелените и крајната левица во Парламентот. Постои ризик и оваа програма да се покаже непопуларна и тие да изгубат на изборите.
Во моментот на јакнење на евроскептицизмот, радикалните програми можеби навистина тешко би поминале. Но, во победата или поразот, јасната политичка платформа и прифаќањето на резултатите од изборите би била голема услуга на европскиот проект, бидејќи би им овозможило на гласачите своето незадоволство да го изразат внатре во европскиот систем. Без тоа, многу гласачи ќе сфатат дека нивниот единствен избор е продолжување на постоечката состојба или излез од еврозоната.
Уште еден проблем на непостоењето на опозиција на ниво на цела ЕУ е тоа што избраните социјалдемократски влади на земји како што се Франција и Италија, се принудени да спроведуваат програми на штедење и дерегулација на своите противници од десницата.
Поради тоа во се поголем број земји расте бројот на поддржувачите на популистичките движења на крајната левица. Но, примерот на грчката Сириза покажува дека и тие партии, кога ќе ја освојат власта, се наоѓаат во иста стапица.
На Европа и треба вистинска опозициска партија, а на европскиот лев центар очајнички му треба одржлива програма. Кога би добиле вистинска опозиција во Брисел, таа покрај социјалдемократите би успеала да го спаси европскиот проект.
