Состојки:
2 парчиња телешко месо
300 г боранија
2-3 лажици масло
1 чешне лук, толчено
5 г рендан ѓумбир
2 лажици соја сос
2 страка магдонос
½ лимон
Подготовка:
Загрејте масло во тава на средна температура. Испржете го телешкото месо од двете страни. Откако ќе фати коричка од двете страни извадете го од огнот. Во истата маст испржете ги лукот и ѓумбирот. Промешајте неколку пати, а потоа додадете и боранија.
Зачинете со соја сос и повторно промешајте. Вратете го месото во тавата и измешајте добро со сите други вкусови. Оставете да се готви неколку минути и тргнете од огнот. За финале посипете со ситно сецкан магдонос и исцедете лимони врз јадењето.