(ВИДЕО) Прогласена вонредна состојба во Минхен, се бркаат напаѓачите

од Vladimir Zorba
135 прегледи

ubice

Два и пол часа по вооружениот напад во трговскиот центар во Минхен, градската власт прогласи вонредна состојба, а баварската радио телевизија објави дека загинале 6 луѓе.

1469212927-lili8

Полицијата смета дека се работи за терористички акт и се спроведува голема акција за да се пронајдат напаѓачите чиј број се уште не е познат. Се евакуираат сите и од метрото каде избегал еден од напаѓачите.

1469212926-lili7
Полицијата се уште не може да каже колкав е бројот на убиените ниту на ранетите.

Болницата во Минхен која се наоѓа во близината на шопинг центарот каде се случи нападот, како и другите клиники се подготвуваат за прием на повредени.

Повикани се сите лекари и медицински сестри кои имале слободен ден.

https://youtu.be/8Fg1F8KBdpo

https://youtu.be/U7RKpJz9pxs