Полицијата се уште не ja утврдила локацијата на напаѓачите
Минхен е под тотална блокада откако најмалку 11 лица загинаа, а 20 се повредени откако терористите отворија оган во различни точки на градот.
Во моментов во главниот град на Баварија е невидена полициска операција. Граѓаните се повикани да не ги напуштаат своите домови и да слушаат постојано радио и телевизија.
Очевидци раскажаа дека еден од стрелците во трговскиот центар викал “Јас сум Германец” и “Да ги е… странци”, а потоа пукал.
Според последните податоци, убиените се најмалку 11 убиени. Тешко повредените се над 20.
На Твитер е објавено видео на кое, како што се претпоставува, е снимен еден од стрелците. На видеото се гледа како тој стои пред ресторан на Мекдоналдс пред трговскиот центар и пука со 20 истрели.
https://youtu.be/WNrODJCRV2A
На видеото чија автентичност не е потврдена, се гледа како маж со темна коса, во црна маица и фармерки нишани кон луѓето пред ресторанот до “Олимпија”, во близина на метро станицата до трговскиот центар. Тој ги крева рацете во кои држи пушка и пука во луѓето пред ресторанот, кои почнуваат да бегаат.
Во друго видео објавено на социјалните мрежи, се гледа маж кој вреска.
Стрелец минува низ покривот на паркингот и вика: “Јас сум Германец!”. Потоа мажот кој го навредува, му вели “да ја затвори устата”.
Полицијата се уште не утврдила локацијата на тројцата терористи, соопшти ДПА.
Претходно полицијата соопшти дека неидентификувани и вооружени со мажи со пушки отвориле оган врз граѓаните во трговскиот центар “Олимпија” и на улиците “Ханауерштрасе” и “Рисштрассе”.
