Од Минхен нови податоци за ситуацијата во градот

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Животот  во Минхен се нормализира, градскиот транспорт веќе работи

1469250531-14Идентитетот на повредените при терористичкиот акт во Минхен сеуште се прецизира, но до овој момент нема  официјални податоци за настрадани македонски  граѓани. Според  агенциските вести , ситуацијата во градот се нормализира. Транспортот е обновен, а вонредната состојба – поништена.

1469243750-5Германската полиција смета дека сторителот бил само еден и тој е веќе мртов. Во моментов се утврдува дали се самоубил или бил убиен. Градот помина тешка ноќ.

Илјадници луѓе останаа блокирани поради вонредните мерки. Дел од нив биле засолнати  во парламентот, блиските хотели и приватни домови, кои се наоѓаат во близина на местото на инцидентот.

Минхен осамна со 10 трупа и 21 повреден по улиците (ПРЕГЛЕД / ВИДЕО / ФОТО )

Властите не откриваат детали за жртвите во нападот во трговскиот центар, па во отсуство на информации за идентитетот на загинатите и повредените, околу 50 фамилии од различна етничка припадност се собраа во спортска сала во Минхен да чекаат официјално соопштение за судбината на нивните најблиски.
Ноќеска, косовската амбасадорка во САД Фљора Читаку на Твитер пренесе дека косовските медиуми јавуваат за загинат Албанец од Македонија во нападот во Минхен.

Kosovar media reporting that an Albanian from Macedonia is amongst the victims of terror attack. Sad beyond words.

Истовремено, сведок на настанот за косовската телевизија „КТВ“ изјави дека видела како жена од Гостивар плаче за ќерка си, која работела во трговскиот центар „Олимпија“.
Германските власти ја истражуваат можноста нападот да бил мотивиран од антиимигрантски побуди, но и можноста зад нападот да стои исламски екстремизам.1469243749-1

18-годишен стрелец со иранско потекло го окрвави  главниот град на Баварија  и ги потопи граѓаните во ужас и тага

Директорот на полицијата во Минхен Хубертус Андре соопшти дека за време на пукањето во и пред трговскиот центар на градот загинале 10 лица, а уште 21 се повредени,од кои тројца во критична сосотјба, пренесоа светските новински агенции. Од полицискиот брифинг стана јасно уште дека масовниот убиец е со иранско потекло, но властите се уште се воздржуваат да ја наречат уште крвава европска трагедија терористички акт.1469249774-13

“Меѓу загинатите има и млади, а меѓу повредените има деца”, изјави Андре.Едниот од десетте загинати е самиот напаѓач, кој се самоубил.

Први реакции во светот на масакрот во Минхен