Стиви Вондер ми е омилен, рече Мишел Обама додека ја пееше неговата песна “Signed, Sealed, Delivered I’m Yours” во телевизиската емисија “Доцна подоцна шоу”.
Во друштво на водителот Џејмс, првата дама на САД покажа гласовни можности со композиции и на Бијонсе и Миси Елиот.
Миниконцертот се случи во автомобилот на Џејмс, додека тој возеше низ градините на Белата куќа. А, за време на турнејата Мишел покажуваше каде работи нејзиниот сопруг, додека танцуваше во ритамот на своите музички преференции.
По Стиви Вондер следеше “Single Ladies” на Бијонсе. Обама ја исполни и “This Is For My Girls”, со која ја изрази желбата девојките да го искористат своето право да добијат образование.
Изненадувањето беше дека на задното седиште се смести и Миси Елиот, па беше отпеан и дуетот “Get Ur Freak On”.