Масакрот се случи во близина продавница за месо и ќебачилница. Возач го удрил со БМВ-то, за да го неутрализира убиецот.
Сириски бегалец ја заклал жена му, која била бремена и ранил двајца други лица, претходно денеска во Германија пред да биде уапсен. Нападот е извршен во западниот град Ројтлинген. Масакрот се случи во близина кебапчилница до станица на градскиот транспорт на плоштад Листплац.
Германските медиуми јавуваат дека мотивот за нападот се уште не е јасен.
Слики, распространети низ медиумите покажуваат како напаѓачот на лежи на тротоарот со раскрварено лице, а над него стојат полицајци.
Се претпоставува дека возач, кој поминувал случајно со своето БМВ возило покрај местото и го удрил убиецот- месар.
Сведок раскажа за “Билд”: “Престапникот беше тотално откачен. Тој дури трчаше со мачета”. Од полицијата велат дека Сириецот прво се скарал со жената, пред да ја убие. Од таму додадваат дека тој е познаник на властите, бидејќи во минатото учествувал во инциденти со повредени луѓе. Полицијата во моментот не располага со податоци, кога Сириецот пристигнал во Германија.




