Музичарот извади договор против поранешната и ја обвини дека го уценува
Против виолинистот, познат како “Дејвид Бекам на класичната музика” беше поднесена тужба за 12 милиони долари поради психичко и сексуално вознемирување, пишува “Сан”.
Таа е од неговата поранешна девојка – 28-годишната Ешли Јудан.Таа поднесе тужба против 35-годишниот Дејвид Герет во Њујорк, а го обвинува дека ѝ скршил едно ребро при груб секс и ја терал да му ја пие урината. Ешли исто така тврди дека виолинистот се обидел да ангажира секс робинка за време на Божиќ, дека ја изневерувал со транссексуалци и дека шмрка кокаин. Герет извади договор против својата поранешна која го користи псевдонимот Кенди Карсон во порно филмовите за возрасни, и ја обвини дека го уценува. Двајцата се запознале во август 2014 година, кога Дејвид ја ангажирал Ешли преку фирма за луксузни проститутки. Постепено тој се заљубил во неа и ја поканил на живее во неговиот стан во Менхетен, каде плаќал по 10 000 долари месечно. Музичарот се надевал дека Ешли ќе ја напушти порно индустријата. Тој, сепак ја истепал во февруари годинава, откако дознал дека таа пак работи како стриптизерка . Потоа Ешли почнала да го уценува за да не каже за нивната врска.
