Успешните врски се токму такви, бидејќи има причина. Паровите кои имаат проблеми треба да разберат дека за да опстане успешно и среќно нивната врска е важно да вложуваат напори.
Можете да учите од среќните и претежно успешни парови ако дознаете кои “стапици” во врската ги избегнуваат тие!
Тие не ја нарушуваат довербата меѓу себе
Довербата е една од најважните работи во една врска. Важно е по никаков повод таа да не се повреди и оскверне. Ако довербата се протресе, целата врска почнува да ги губи основите.
Не дозволуваат гневот да ги извади надвор од контрола
Во својот гнев човек може да каже било какви ужасни работи, дури и такви, какви што не мисли. Дури и да сте лути на својот партнер, никогаш не треба да ги преминувате границите. Понекогаш зборовите болат повеќе од физичките напади. Некои луѓе никогаш не забораваат изговорени зборови.
Не одат премногу далеку
Нанесувањето на т.н. удари под крстот е забрането во една врска, како и во боксот. Ризикот да го повредите другиот непоправливо е голем. Ако партнерите се познаваат добро, можноста да нанесат “смртоносен” за врската удар со зборови во гнев е голема.
Заштитете се од жестоки изблици и не ги користете слабостите на партнерот против него. Така прават успешните парови.

Тие не го користат сексот како оружје
Важно е да разберете дека сексот не е средство, ниту оружје што ќе го користите против партнерот. Успешните односи се градат врз комуникација и доверба. Сексот е само дополнување на нив.
Тие не дозволуваат премногу оддалечување меѓусебно
Во една долготрајна врска е нормално да има периоди на близина и оддалечување. Важно е сепак да не се дозволи тоа оддалечување да прими премногу големи димензии. Враќањето назад е тешко. Успешните парови едноставно не дозволуваат да се “олабави” врската до таков степен.