Маж загина, а две жени добија изгореници при удар на гром за време на меѓународен фестивал за електронска музика во Русија.
Мажот зборувал на мобилен телефон, кога се случило најлошото. Фестивалот Alfa Future People (AFP) се одржува во руската Нижегородска област, пренесе РИА “Новости” повикувајќи се на спасувачките служби.
Инцидентот се случил во неделата попладне. Двете повредени жени се во локалните болници.
Во почетокот на јули темата за опасноста од громови стана популарна во Русија поради повисоката фреквенција на грмотевици во реонот на Москва. За опасноста од таква бура предупредија спасувачките служби и во оваа недела вечер.
Случај на погодено од гром дете кое користело во тоа време мобилен електронски уред беше соопштен и на 4 јули.