Германскиот социо-калифатен плацдарм

од Vladimir Zorba
83 прегледи

За шест недели Европа и блиската нејзината периферија беа погодени осум пати.
Во рок од две недели Германија стана предмет на два крвави напади, кои се додадоа кон заедничката лавина од терористички напади врз Европа.

Image_5668400_407
За последните шест недели Стариот континент и блиската периферија беа погодени осум пати – девет, ако броиме и крвопролевање во Минхен од последниот петок.
Аеродроми, панорамски патеки, јавен превоз, трговски центри … ако досега не сте замислиле секојдневието во мнозинството од земјите од Блискиот Исток,се добредојдени во новата димензија на општата безбедност.
Но, да се вратиме во Германија – идеалистичкиот гигант за населението на Балканот, кој иронично е збир на околности кој се претвори во основна и потпора на обединета Европа.

Особено во втората деценија на ХХІ век – против сите современи кризи и предизвици кои демнат на свиокот на историјата.
Нападите од последната седмица покренаа бројни прашања, и тоа колку и да е чудно, претежно од етички карактер.

Двајца тинејџери – еден бегалец од Пакистан и еден Германец од иранско потекло, односно на 17 и 18 години, ја разнишаа божем непоколебливата доверба на Германците во сопствените можности и одолевањто во општеството.

Секој од двата случаја претставуваа предизвик сам по себе, што влијаеја на безбедноста само номинално. И не само во Германија, туку и во Европа како целина.

Првиот “бомбаш” создава впечаток за видливо непронајдено сопственото место во западното општество кое младото момче, фанатички во потрага по идентитет пронашол почва за радикализација во земјата, која со добронамерен однос му создала неопходните услови тоа да се случи. Ужас, нели !?

И неговите акции беа светкавично припознати од терористите од ИД за нивните пропагандни потреби, Ријз Кхан Ахмадзај им дојде како идеален пример.

Неодамна сместен во семејство малолетникот кој помина година во бегалски камп во Германија, со набрзина изгребано знаме на групата на ѕидот во неговата соба … “војникот” на калифатот со секира и нож во рацете е “деветтата реинкарнација на Торбалан” за секое социјално ориентирано западно општество.

Но пред сè е самооден кошмар на Ангела Меркел и поддржувачите на нејзиното прифаќање и политика, која гифрли во шок земјите од Стариот континент пред малку повеќе од една година.

“Терористот број 2” – Али Давид Сонболи – сепак се покажа во сосема “друг руво”. И покрај обидите на голем број западни медиуми да го следат германскиот дискурс на избегнување на раното ширење на податоци кои можат да бидат употребени за пропаганда на омраза.

Иранското потекло на напаѓачот не е имун на пропагандните цели на исламистите – па ИД во случајот нема како да претендираат за улога во она што се случило. Фанатичките сунити го признаа за можен наследник на шиити “свој човек” и сеедно Евреите да признаат дека се едно и исто племе со Палестинците.

За време на нападот Сонболи запишал и извикал: “Јас сум Германец, избркан странците” … Што да се додаде!?
Посегање против жени, извршени од “илјадници имигранти од Блискиот исток потекло” на Нова година во Келн, брзо гозапалија фитил на јавното незадоволство во Германија.
И скротување на страстите не беше толку лесно. Ако владата на Ангела Меркел вложува толку напори превентивно да ги стпои информациите кои неизбежно ќе го разнишаа секојдневниот живот, тоа е затоа што “новиот правец” на светот очигледно не бил дел од плановите на Германците.

Особено кога “социјална држава” има имиџ кој се претвора во “калифатски плацдарм”.

Гетоизираљето на Европа

Европа ќе треба да признае пред себе дека лицемерната политика на “отворени раце за сите”, започната уште во студената војна, даде не корисни и не очекувани резултати.

Жедта за постојан економски раст стана основа за гетоизирането на огромни области од големите западни градови. И создаде основа за јавното разслојување што во комбинација со инвазијата на електронските медиуми и обраќањето на вредностите е дамоклов меч, кој виси над Стариот континент.