Авионот на погон со соларна енергија “Солар импулс 2” се приземји во Абу Даби.
Така тој го заврши своето патување околу светот, за време на која авионот ја користеше исклучиво енергијата на сонцето преку трансформацијата во електрична енергија преку соларни батерии – панели монтирани на плочи на крилата. Пилот на необичниот авион е Швајцарецот Бертран Пикард.
Тој слета без компликации во 04.05 часот по локално време на аеродромот “Ал Бате”, недалеку од престолнината на ОАЕ, од каде замина на 9 март 2015 година. Така тој го заврши своето патување од 42 000 км. во четири континенти без капка гориво.