(ВИДЕО) Андреј Жерновски денеска повикан во СЈО за исказ за „Скопје 2014“

од Vladimir Zorba
107 прегледи

За овој контроверзен проект, СЈО има оформено предмет а Жерновски пред некј ден потсети дека , тој по  доаѓањето на градоначалничката функција, дал налог и се изработени два ревизорски извештаи. Врз основа на документи и докази, констатирани се низа неправилности и кршење на закони, неколкукратно поскапо платени споменици, криминални тендерски постапки. Целиот материјал и извештаите посочи Жерновски биле  доставени во Јавното обвинителство пред три години. ПОтоа Обвинителството  му побарало  дополнителни докази, што веднаш било сторено од општина Центар.  И потоа до дене денечен вели Жерновски никој ништо ноту покрена ниту побара ,од тогаш, Јавното обвинителство молчи за овој предмет и не го процесуира, со што се спречува започнувањето на правната разврска.