Состојки:
2 модри патлиџани
2 тиквички
5 пиперки
2-3 големи глави кромид
2 моркови
по желба неколку печурки
За маринадата:
1/2 лажичиња свежо мелен црн пипер
1/2 лажичка сол
1 лажичка сушена мајчина душица
2 лукчиња
сокот од 2 лимони
120 г мед
Подготовка:
Измијте го зеленчукот. Тиквичките се сечат на ленти, а пиперките на две половини, морковите на долги и тенки ленти, модар патлиџан на големи кругови со дебелина од околу 1,5 см, кромидот исто на дебели кругови. Загрејте ја добро грил тавата и наредете го зеленчукот.
Откако сте подготвени од едната страна може да ги наредите и да ги намачкате со маринадата. Така превртувајте неколку пати и секој пат од секоја страна мачкајте ги. Има и полесна опција, во која веќе испечениот зеленчук се става во тенџере и се посипува со маринатата.