Расипшништвото на власта со народни пари е психопатолошки проблем за кој е потребна сериозна анализа – вели во интервју за 24 Вести универзитетскиот професор Абдулменаф Беџети. За него е нејасно како владините функционери можат едно да прават а друго да пласираат за новите сериозни задолжувања на буџетската каса -долгови кои ќе треба да ги враќаат граѓаните.
