ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ: Машина претвора урина во вода за пиење

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Технологијата може да биде применета во земјоделски области и во земјите во развој.

1469553397-voda (1)

Белгиски научници објавија дека создале машина која ја претвора урината во вода за пиење и притоа работи на сончева енергија, пренесе Ројтерс. Технологијата може да биде применета во земјоделски области и во земјите во развој.

Постојат и други опции за прочистување на водата, но системот развиен од научници од Универзитетот во Гент, се одликува со тоа што користи посебна мембрана и помалку енергија.
“Можеме да добиеме ѓубриво и вода за пиење од урина со користење на едноставен процес и соларна енергија”, изјави Себастијан Дерез од универзитетот, цитираат агенциите.

Урината се собира во голем резервоар и се загрева во соларен бојлер, пред да помине низ мембраната. По преминувањето се добива вода и се одделуваат калиум, азот, фосфор.

Машината беше користена во рамките на 10-дневниот музички и театарски фестивал во Гент, како од урината на учесниците беа добиени 1.000 литри вода. Целта е во иднина да се инсталираат поголеми верзии на машината во спортски сали или на аеродроми, но исто така во земјоделски области во земјите во развој, каде што снабдувањето со вода за пиење и ѓубрива е недоволно.