Што значат имињата на технолошките гиганти

од desk3
81 прегледи

0940756001465891079_553077_600x458

Името на компанијата е клучно за нејзиното препознавање, клиентот го гледа прво него. Но за многумина од нас значењето на имињата е непознато.
Samsung

Корејскиот збор Samsung значи “три ѕвезди”. Ова име е избрано од основачите на компанијата, за да создава асоцијација за компанијата како “голема, побројна и посилна” (како ѕвездите на ноќното небо). Логото на Samsung е менувано неколку пати, но од 1993 година останува такво какво што го познаваме денес.
Nokia
Во 1868 година во Финска е отворен целулозен комбинат крај градот Нокиа на брегот на реката Нокианвирта. Основачите на фабриката не се малтретирале многу да избираат име и во 1871 година официјално компанијата е наречена Nokia. Бизниси тргнал и во 1967 година, компанијата се претвора во Nokia Corporation.
Apple
Денес Apple е една од најголемите компании во светот, но кога Стив Џобс се регистрирал како правно лице, се двоумел дали да ја нарече компанија на пример Matrix Electronics. На крајот го избрал Apple Computer, немоќен да измисли нешто поинтересно. Според Џобс изборот на името е делумно под влијание на неговата љубов кон јаболката.
Microsoft

Компанијата е регистрирана официјално во април 1975 година, го добива името од комбинацијата на зборовите “микропроцесори” и “софтвер”. На крајот на 1970 година нејзиното име станува Microsoft Inc.
LG
Основана во 1958 година Корејската компанија GoldStar поседува подружница наречена Lak-Hui ( “Lucky” на англ.). Подоцна двете компании се спојуваат во едно под името Lucky Goldstar – за кратко LG. Слоган на компанијата е “Life is Good”, “Животот е убав”, а Брендот и логото на LG се од 1995.

HTC
Ако некој мисли дека HTC значи High-Tech Computer, ќе биде во право само делумно. Во 1997 година компанијата е основана од H T Cho и Cher Wang, кои решиле да ги користат своите иницијали за да ја именуваат фирмата HTC. Cher Wang, коосновач (и буквата “С”) на HTC
Sony

Зборот на Sony е комбинација од латинскиот збор sonus, што значи “звук”, и англиското sonny – “син”. Но во 1946 година компанијата се појавува под името Totsuko. Подоцна, во 1950 година, со зголемувањето на нејзините амбиции таа го прифаќа името, со што денес го познаваме, а во 1958 година се прогласува за Sony Corporation.
Nintendo

Nintendo буквално преведено од јапонски е “да се потпреш на судбината”. Се претпоставува дека името е поврзано со тоа дека компанијата била производител на карти за играње. Од 1963 година компанијата е позната како Co Nintendo, Ltd.
Google
Оваа приказна е нашироко позната: името Google се појави во 1997 година како резултат на намерна грешка во правописот на зборот Googol која е бројот 1, проследено со 100 нули. Значи името на интернет гигантот симболизира големи количини на податоци, што креаторите на Гугл, Сергеј Брин и Лари Пејџ сакаа да им ги обезбедат на корисниците.

Mozilla
Во 1994 година тимот на Netscape решил да измисли име за новиот пребарувач. Името требало да симболизира нешто големо и моќно, што ќе им помогне на нивниот производ Mosaic да ја пресече конкуренцијата. Како резултат на тоа, тие го земаат името на моќниот Godzilla и го комбинираат со Mosaic, за да се добие познатото Mozilla.

Wikipedia
Во почетокот онлајн енциклопедијата на Џими Велс се нарекува Нупедија, но потоа тимот е инспириран од проектот WikiWikiWeb (еден од првите сајтови кои може да се уредува од корисниците), и им овозможува на секој да пишува и уредува статии. Според Велс, збор Wiki е од хавајски јазик и значи “брзо”.

Asus
Компанијата Asustek, подобро позната како Asus, е основана од четворица поранешни вработени на Acer во 1989 година и го добива името од крилатиот коњ Пегаз (Pegasus) од грчката митологија. Според основачите на компанијата Asus ја “отелотворува силата чистотата и авантуристички дух на ова фантастично суштество кое се издига на нови височини со секој создаден нов производ”.
Lenovo
Основачите на Lenovo во 1984 година го нарекле својот нов проект Legend ( “Легенда”), но по речиси две децении подоцна, во 2003 година, тие го одвоиле производството на компјутери во посебен бизнис и му го дале името Lenovo. Зборот потекнува од спојувањето на Le и Novo, што значи “нов” на латински.
Yahoo!
Основана во 1994 година, компанијата Yahoo официјално го добива своето име во јануари 1995 година. Овој збор е непреводлив од англиски јазик, но всушност Yahoo е акроним за Yet Another Hierarchical Officious Oracle .