Владините сили со офанзива јужно од фармите Маллах.
Сириските специјални делови на единицата Tiger Force повторно нанесув удар на бандите во котелот во Алепо. По известувањето за офанзива на терористите до фармите Маллах до патот Кастелеин и искоренување на десетици бандити со блиндирана техника сириската армија премина во напад.

Владините сили водат офанзива на југ од фармите Маллах. Во вторникот, 26 јули, тие ги отфрлија терористите од Кастело и на тој начин ја зајакнаа блокадата на преземените делови од терористите, источните области на Алепо и ги ставија во целосна изолација бандитски формации во реонот Бани-Зејд и Лајрамун. Ова го соопштија од прес-центарот на “Тигрите”.
Ако единиците на Tiger Force се движат уште на километар по патот Кастело, тогаш тие ќе се состанат со единиците на 4-та механизирана дивизија на сириската армија, кои веќе неколку дена води жестоки борби во реонот Лајрамун.
Денес единиците на 4-та дивизија, борците на Републиканската гарда и Силите за национална одбрана го надминаа отпор на бандитите и ги протераа од автобуска станица и комплексот на гаражи во Лајрамун. Како резултат на тоа пред нив се последните населби во овој стратешки важен регион, контролиран од бандитите.
Автобуската станица беше еден од утврдените објекти, на бандитски групи во источниот дел на Лајрамун. Преземањето е сериозен воен успех.
ВКС на Русија и сириските ВВС нанесуваае моќни удари, поддржувајќи ја офанзивата на војниците во котелот во Алепо. Наводно, воените авиони не дозволуваат на терористите да организираат снабдувањето на предниот дел од фронтот.
https://youtu.be/Sb4TJqMNPaQ
https://youtu.be/qqUPvt3I3Jw
https://youtu.be/A_sOSVOFvhI



