За џихадисти земјата стана иста цел, како што се Франција, Белгија и САД.
Германија ja пополни тажната листа од земјите на чија територија беа извршени терористички
напади на групата “Исламска држава”. За терористите земјата стана истаа цел, како што се
Франција, Белгија и САД, коментира Клер Дижиакоми во француската верзија на “Хафингтън пост”,
прене.
Од почетокот на 2015 година во Германија имаше неколку изолирани случаи на исламска агресија.
Во изјавата на Фабио Крен, кој ја презеде одговорноста за нападите од 13 ноември (во
Франција), Германија ја нарече “земја на крстоносците” и додаде дека би сакал да ја удри, не
помалку од Франција за време на натпреварот помеѓу националните фудбалски тимови на двете
страни во Сен Дени.
Во август 2015 година две лица, објавија припадност кон ИД и поставија видео обраќање со
закани кон Германија и Ангела Меркел. Во септември предвремено ослободен Ирачанец осуден за
припаѓање на терористичка организација, беше застрелан од полицајци, откако рани со нож нивен
колега во Берлин. Во февруари 15-годишно девојче нападна полицаец со нож на железничката
станица во Хановер. Истрагата покажа дека таа била управувана од исламистички мотиви: таа веќе
правела обиди да оди во Сирија за да влезе во редовите на “Исламска држава”.
На 2 јуни беше спречен терористички напад во центарот на Дизелдорф со учество на тројца
Сиријци осомничени членови на ИД. Тие беа уапсени и сакале да се самортазнесат во стариот
град. Воената поддршка во Ирак и Сирија “Исламска држава” тврди дека Германија мора да биде
цел на терористички и поради учеството на земјата во меѓународната коалиција, која нанесува
удари против исламистите во Сирија и Ирак. Полиција патролира во германските градови.
Германската армија не зема директно учество во напади врз позициите на “Исламска држава” во
двете држави, но е вовлечена во работата на коалицијата. Неколку десетици војници учествуваа о
програмата за подготовка на единици во ирачки Курдистан, кои војуваат против терористите на
ID.
Покрај тоа, Германија распоредила разузнавачка техника и на Курдите им испрати противтенковски
проектили автомати и пиштоли, а и помага во полнење на авионите на коалицијата. По 13 ноември
2015 година Ангела Меркел демонстрира целосна поддршка за Франсоа Оланд во борбата со Исламска
држава и тогаш таа реле „треба да се бориме со воени средства”. Месец подоцна германските
пратеници добрија распоредувањето на контингент од 1.200 војници и неколку авиони за учество
во воените операции на коалицијата. Како и многу други држави Германија се соочува со
внатрешна закана – враќање на оние кои војувале во Ирак и Сирија. На крајот на февруари, во
Лондон Меѓународен центар за истражување на радикализацијата и политичкото насилство ги шири
следниве податоци: до 30 јуни 2015 година во редовите на ИД во Сирија и Ирак се приклучиле 677
Германци (800 од почетокот на сирискиот конфликт).
Една третина од нив веќе се вратиле во Германија. Во земјата беше извршен терористички акт од
авганистански бегалец. Во очите на многу мигранти Германија е ветената земја и минатата година
таа прифати над еден милион од нив (многумина се спасуваа од конфликтите во Ирак и Сирија).
Германија е во жалт. Сега во земјата има раскол по прашањето за прием на мигранти, а пројавите
на ксенофобија се засилија поради зголемениот прилив на бегалци. Нема сомневање дека
последните терористички испади ќе ги разгорат уште повеќе споровите што се од корист за
десните популисти.
