(ВИДЕО) Открија мистериозна виолетова топка на дното на океанот … можеби нов вид?

од Vladimir Zorba
129 прегледи

1469645175-fdf (1)

Истражувачкиот брод Наутилус е подвижна лабораторија опремена со камери, кои можат да навлезат длабоко под водата. Научниците од океанот и од истражувачки тим објавија видео материјал на кој се гледа нешто чудно.

Од Наутилус снимиле непознат кружен објект со виолетова боја на дното на океанот крај Нормандските острови до Калифорнија.
Главниот фокус на истражувањето во овој регион е да се проучат длабоко во морето коралите. Камерите на истражувачите сепак забележуваат љубопитен тркалезен предмет. Научниците првично претпоставија дека тоа може да е кожурец со јајца или пак некој вид ембрион.

Тие го зеле објектот за испитување на бродот на лабораторијата. По анализите на примероци се откриени два одделни слоја од телото. Според истражувачите, тоа би можело да биде нов вид голхрил полжав.

Голохрилите полжави се вид морски мекотели со прилично шарени бои во портокалова, виолетова или сина. Некои се во форма на голтка, други имаат шила. Таквите сферични голохрили полжави сепак се гледаат за прв пат.

Дали тоа е нов вид? Од Наутилус велат дека за одговорот треба да се почека барем неколку месеци.