Американските астронаути кои единствени летаа надвор од заштитната на Земјата магнетосфера, умираат од болести на срцето и кардиоваскуларниот систем предизвикани од радијација, соопштија истражувачите.
Оваа статистика ја зголемува загриженоста во врска со идеите за патувања но Месечината, Марс или подалеку, кои претстои да се нудат од вселенски агенции и приватни компании.
“Знаеме многу малку за влијанието на длабоката вселенска радијација врз човековото здравје, особено на кардиоваскуларниот систем”, истакна Мајкл Делпи од Универзитетот во Флорида. Од седум веќе починати астронаути, кои летале со бродот “Аполо”, тројца (43%) страдале од кардиоваскуларни болести – група болести, која вклучува инфаркт, мозочен аневризам и мозочен удар. Тоа е 4-5 пати повеќе отколку кај астронаутите кои тренирале, но не летале (9%), и од оние кои биле на меѓународна вселенска станица и биле поблиску до орбитата околу (11%).
Заклучоците беа објавени во списанието “Сајентифик рипортс”. Програмата на НАСА “Аполо” испрати во вселената 11 екипажа меѓу 1968 и 1972 година. Од вкупно 24 мажи, кои летале надвор земјината орбита, веќе починале 8. Осмиот – Едгар Мичел, почина оваа година по завршувањето на студијата, и не е вклучен во неа.
Надвор од магнетосферата – магнетен “балон”, кој ги штити Земјата и нејзините жители, астронаутите на “Аполо” биле изложени на невидени нивоа на радијација од енергетски честички, истакнува студијата. Овие честички од Галактичката радијација се опасни за човекот, бидејќи поминува низ кожата и ги оштетува клетките или ДНК, сметаат во НАСА. Агенцијата планира да испрати екипаж кон Марс околу 2030 година и вели дека создавањето на антирадиационен штит ќе биде од клучно значење за време на патувањето и при истражувањето на површината на планетата.