По воените и универзитетските кадри дојде редот и на медиумите: масовно се покриени новински агенции, радија, телевизии и весници. Турција на Ердоган оди по патот на деспотизмот и диктатурата, пишува ФАЦ.
Турција е во вонредна состојба. Но и во овој случај се во сила некои правила. Така на пример, турскиот претседател Ердоган има право да го изгасне обидот за преврат и да ги отпушти бунтувните генерали. Виновните носат одговорност без оглед каде се наоѓаат.
Под оган: демократските вредности
Само што “чистката” на Ердоган одат многу подалеку. Сега на ред се медиумите. Масовната расправа со новинари и медиуми е спротивна на основните фундаментални права, кои Турција исто така е обврзана да ги почитува. При вонредна состојба Ердоган може да го замрзне привремено почитување на Европската конвенција за човекови права, но само доколку ситуацијата безусловна и одредена мерка не противречи на други обврски од меѓународното право. Кога со декрет се затвораат стотици медиуми под сомнение дека се поврзани со “Движењето Гулен”, ова е неприфатлива напад врз слободата на мислењата и печатот.
“Гардијан” тврди: 10 бугарски градa ja полнат Сирија со оружје
Активностите на Ердоган се сериозен предизвик за партнерите на Турција – Советот на Европа, Европската унија, НАТО. Земјите членки на нив, односно вклучувајќи и Турција, се должни според овој договор “да ги гарантираат слободата, заедничкото културно наследство на своите народи, врз основа на принципите на демократијата, слободата на поединецот и принципите на правото”.
Диктатура и деспотизам
Точно е дека Турција преживеала не еден воен удар. Задушувањето на последниот не ја менува стратешката улога и значењето на земјата – особено за бегалската криза во Европа. Турција останува важен партнер. Но западната заедница на вредности не може да си дозволи да игнорира еден фундаментален удар токму против нејзините вредности. Затворање и унифицирање на медиумите е нешто многу различно од отпуштањата на државни службеници. Слободата на мислењата е суштински принцип на правната држава. Претендирањето на еден човек да изразува единствено за него вистинско мислење и безмилосно да ги инхибира мислењата на другите е белег на авторитарна транзиција кон диктатура и деспотизам.
www.faz.net
