Оружје, произведено во Источна Европа, достигнува по заобиколени патишта до Сирија. Така источноевропските земји самите се доведоа до бегалскиот бран. DW ви нуди извадоци од две публикации на темата.

Еве што пишува “Виртшафтсблат”:
“Некогаш земјите од Варшавскиот пакт, на чело со Советскиот Сојуз, беа сериозни производители на оружје. Во Бугарија, на пример, пред 1989 година оружениот сектор даваше една петтина од бруто домашниот производ (БДП). По крајот на Студената војна, сепак оружените производители во Средна и Источна Европа изгубија многу од своите пазари. Покрај тоа, се покажа дека нивните производи се со понизок квалитет од оние на западните конкуренти.
Статистиката покажува дека во овие земји оружената продукција е намалена за цели 75-90 проценти, а тоа исто така значи дека се затворени илјадници работни места. Единствено Чешка и Полска задржаа некакви позиции и се уште се во листата на 25-те земји кои произведуваат најмногу оружје. ”
Западната поддршка на Груевски се билда околу бегалците
На истата тема “Зидојче Цајтунг” коментира:
“Реченицата ги поедноставува работите до крајност, но пак е ужасно погодна за цитирање:” Кој сее оружје, ќе жнее бегалци “. Оваа реченица постојано се појавува по плакатите на различни демонстрации, многу ја сакаат и корисниците на социјалните мрежи.
Во прекршување на меѓународното право
Овие денови една група истражни новинари од балканските земји откри дека источноевропски оружја се извезуваат во Саудиска Арабија, Турција, Јордан и Обединетите Арапски Емирати за учесниците во граѓанската војна во Сирија. Во позадината на оваа вест, цитираната реченица стекнува иронична нијанса. Бидејќи земјите како Чешка и Словачка, кои не сакаат да прифатат бегалци, директно придонесуваат за бегалскиот бран со оружјето кое го извезуваат.
Земји како Србија и Бугарија, кои трпат катастрофа поради нивната улога на транзитни земји, исто така продаваат оружје на Блискиот Исток, иако нивните влади сигурно знаат за што се користат овие оружја. Дури и ако со нив се вооружуваат само т.н. “умерени бунтовници” во Сирија, трансакциите пак ќе бидат во насока на кршење на меѓународното право. Покрај тоа оружјето обично не остануваат засекогаш во рацете на оние за кои се наменети. САД го добија овој горчливо искуство, кога се покажа дека “Исламска држава” се бори со американски оружја, ограбеното од ирачката армија.
Рекордни продажби
А што е ситуацијата во Германија? Дали пак тука не можеме да ја свртиме наопаку цитираната реченица: “Кој прима бегалци, може мирно да продава оружје”. Во 2015 година извозот на германско оружје достигна рекордна вредност, во 2016 се очекуваат дури и повисоки резултати. “