Германците не веруваат на Меркел дека ќе се соочи со мигрантите

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Мнозинството Германци не се согласуваат со Ангела Меркел.

4970776

Мнозинството Германци не се согласуваат со мислењето на федералната канцеларка Ангела Меркел дека земјата ќе се соочи со миграциската криза. Ова го покажуваат податоците од социолошкото истражување направено од социолошкиот институт YouGov нарачан о агенцијата ДПА. Во истражувањето учествувале 1017 граѓани на Сојузната република. “Ние ќе се справиме со ова”, повторуваше многу пати фрау канцлерин, за да ги убеди своите сограѓани дека Германија ќе ја надмине кризата со мигрантите. За последен пат таа  се произнесе во четвртокот за време на голема прес-конференција, посветена на прашањата на надворешната и внатрешна политика.

66% од испитаниците не го делат мислењето на Меркел. Прашањето кон нив беше поставено вака: “Како се однесувате кон тоа дека Меркел на позадината на големиот број мигранти и потребата од нивно донесување и сместување, е велела многу пати: Ние ќе се справиме со тоа”?

Друго прашање на YouGov е поврзан со опсността од терористички напади. Германците веќе не сакаат да патуваат со јавен превоз и да посетуваат рекреативни настани поради страв од терористички напади. Во исто време повеќе од половина жители на СРГ не ги промениле своите навики, покажуваат податоците од истражувањето. Околу 14% од Германците признаваат дека во последните три месеци се откажале од патувањата со јавниот превоз, автобуси и возови поради заканата од терористички напади. Уште толку – 14% – изјавиле дека веќе избегнуваат концерти и масовни собири по повод различни празници. Други 14% не се појавуваат на места каде што има масовно купишта на луѓе. Генерално половина од анкетираните изјавиле дека заканата од терористички напади не ги променило нивните навики и планови. Три четвртини сепак признаваат дека сметаат за апсолутно најверојатно извршувањето на нови терористички напади од екстремистичката организација “Исламска држава”. / ДВ,БГНЕС, ТАСС