Штајнмаер: Нема да дозволиме домашниот политички конфликт во Турција кај нас

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Заплашувањето на луѓе кои имаат различни политички убедувања, нема да биде правило , вети  Штајнмаер.

стсанмајер  Внатрешнополитички конфликт во Турција не треба да се пренесува во Германија, каде што, според статистиката, живеат околу 3 милиони луѓе со турски корени. Ова го изјави германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер во интервју за весникот “Зидојче цајтунг”.

“Пренесување на внатрешнополитички напон од Турција кај нас, во Германија, и заплашувањето на луѓе кои имаат различни политички убедувања, нема да се случи”, категоричен е шефот на германската дипломатија. “Нема да го дозволиме тоа”, истакна тој. Штајнмаер  ги повика приврзаниците и противниците на претседателот Реџеп Ердоган на воздржаност.

Денеска  во Келн се планира голем митинг во поддршка на турскиот претседател. Околу 30 000 луѓе изразиле подготвеност да учествуваат на него . Истовремено со тоа во градот ќе се одржат неколку протестот против Ердоган, иницирани од младинските организации на водечките германски партии. Одделно тоа својот удел ќе имаат и десните радикали. Германската полиција стравува дека ситуацијата може да излезе од контрола и да се дојде до судири меѓу противниците и приврзаниците на Ердоган. За безбедноста во Келн ќе се грижат околу 2300 полицајци. / ТАСС