(ФОТО /ВИДЕО 18+)Човекот кој се запали во Ереван

од desk3
95 прегледи

Во центарот на Ереван пред резиденцијата на претседателот на Ерменија на булеварот “Баграмјан” учесник на протестот се самозапали. Мажот е на средна возраст. Тој се полилсо бензин и се запалил. Други демонстранти сепак успеале да го изгаснат. Мажот сепак сериозно изгорел.

Протестите на опозицијата во главниот град на Ерменија продолжуваат. Вчера до превземената полициска станица во Ереван снајперист уби полицаец.

Безредијата почнаа откако група вооружени приврзаници на уапсениот радикален опозиционер Жирајр Сефилјан на 17 јули го презедоа управувањето со полицијата во Ереван и зедоа заложници.

Според последните податоци, вооружената група која веќе две недели ја блокирала полициската станица, ги ослободила сите земени заложници.

https://youtu.be/DiL8q4JPAnk

Анаит Ајтајан, Прес секретарот на министерот здравство на Ерменија изјави: “Лекарот Нораир Теванјан и медицинската сестра Малина Маркарјан успеаја да ја напуштат зградата на патролната служба на полицијата, кога преземале повреден”.

Според него, во моментот сите заложници веќе се на слобода.

Криминалците зедоа во заробеништво тим на Брза помош. Во заробеништво беа двајца лекари, болничар и медицинска сестра, кои пристигнале во средата, за да им помогнат на повредените.