Зошто моите гради се бесчувствителни за време на секс

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Се смета дека женските гради се чувствителни и стимулацијата за време на секс би требало да предизвика неверојатни чувства. Да, тоа важи за многу од жените, но не за сите.0a96e30505f66fcde569b10b1d3445e9

Некои не доживуваат ништо при допир на брадавиците и градата. Мислата дека нешто не е во ред расте со секој изминат интимен чин. Почнувате да се прашувате дали сте оштетени на некој начин? Зошто постојано читате констатации дека нервните завршетоци во мозокот одговорни за градите и брадавиците , се исти како оние кои се одговорни за половите органи, а не доживувате подеднакво задоволство ?

Не брзајте да паничите. Одговорите на овие прашања не се еднозначни. Во повеќето случаи бесчувствителните гради не се проблем, ако си биле такви секогаш. Ако промените во нив се случуваат одеднаш , тогаш имате причина за итна консултација со лекар.3d427fe13b3d095f0f7580a756237be4

Инаку дури и да ги сметаме градите за ерогена зона која би требало да може да ве доведе до оргазам при стимулација , тоа не е секогаш така.
Градите на различните жени не се идентични . Тоа колку чувствителни се вашите зависи од тоа како се распоредени брадавиците, нивото на естроген и прогестерон во крвта, особеностите на градното ткиво, поставеноста на нервните завршетоци, како и тоа во кој период од менструалниот циклус се наоѓате.

Затоа не може да се каже дали е нормално да имате намалена чувствителност на брадавиците или не. Сепак не брзајте да се грижите.3d9e13d42a7c4493b5d57287b7baecaf

За ваша сигурност можете да се консултирате со лекар за следните симптоми (ако имате такви):
Грутки во градите или во областа на пазувите;
Необјасниви рани на градите;
Иритирана кожа;
Осип;
Испуштање на секрет од зрната;
Испакнатини

За време на рутинските прегледи за рано дијагностицирање на рак на дојка овие симптоми се од клучно значење, бидејќи можат да провоцираат навремено откривање и лекување на опасни по живот туморски промени.
Инаку недостатокот на чувствителност во градите може лесно да се надмине психички . Откријте ги со помош на партнерот своите лични ерогени зони кои ви испорачуваат поголемо задоволство од традиционалното стимулирање на градите за време на секс!