Вегетаријански сендвич

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Во жешкиве летни денови не се препорачува да се консумира многу мрсна храна, па еве еден предлог  за вкусен вегетаријански сендвич за кој Ви е потребно:

 

c2762b5ff74148a837e8d96f51001e14_1_large (1)

-тортиља, лепче за гиро, бегет или земичка ( по ваш избор)

-луто пипиперче

-домат

-печурки ( свежи или маринирани)

-рукола

-кромид  (по желба)

-кашкавал

-биено сирење

-посен мајонез

-сенф

 

Начин на приготвување:

Тортиљата или лепчето што ќе го правите сендвич на загреана тавата малку затоплете го,  додека го мачкате лепчето со малку сенф и посен мајонез, во истата тава испрежете ги на малку маслинов зејтин печурките, потоаставете ги на летчето, во истата тава потпечете го биеното сирење и потоа и тоа додадете го во сенвичот, потоа потпечете го кромидот исечен на кругови и тој додате го во лепчето. На крај ставете го ренданиот кашкавал, лутото пиперче, доматот и руколата и секако зачинете по ваш избор.