(ВИДЕО) Од последните минути! Aвион во Дубаи се запали во воздухот

од desk3
92 прегледи

Владата на Дубаи ја потврди веста дека патнички авион се запалил на пистата на Меѓународниот аеродром при слетување. Авионот на компанијата “Emirates” се приземјил принудно откако избувнал пламен уште додека бил во воздух, пренесува “Мирор” .Властите јавуваат дека инцидентот се случил набргу по 1 ч. попладне по локално време.

1470218826-sam

Авионот извршувал тричасовен лет од Тируванантапурам во Индија. Токму толку време по полетувањето капетанот дал сигнал за катастрофа.

Се претпоставува дека на авионот нема повредени луѓе. Сите патници се евакуирани.

https://youtu.be/DGWwLn84vGs