Лоша вест за креаторите на играта Pokemon GO

од desk3
170 прегледи

Американец поднесе тужба против креаторите на играта Pokemon GO поради навлегување на играчи во неговата приватна сопственост, објави БиБиСи . Мажот бил разгневен, откако непознати почнаа да се вртеле околу неговиот имот и дури му тропале на вратата . Во тбата се наведува фрапантното непочитување на последиците од населувањето на реалниот свет со виртуелни Покемони без дозвола на сопствениците на имот.

1469597166-pikachu-and-pokemon

За разлика од вообичаените видео игри, Pokemon GO бара играчите да се наоѓаат на физичко место каде ќе ги фаќаат преку камерата на телефонот малите чудовишта. Хистеријата по играта рашири многу грижи за безбедноста или интегритетот на јавните места каде што “ловат” играчите.

Историски знаменитости како Меморијалниот парк во Хирошима, американскиот музеј за холокаустот и концентрациониот логор во Аушвиц воведоа забрани за играта.