“Ингимаси” и нивната смртоносна мисија

од desk3
130 прегледи

 

Оној кој убива во името на “Исламска држава”, ja добива, ако особено добро се справил, постхумно титулата “Ингимаси”. Така вообичаено се нарекувани џихадистите, кои ја предизвикаа смртта на што повеќе луѓе-пишува DW.

 

0,,18890077_303,00

 

Самоубиствениот напад, во кој се врши со самозранесување, и неговата медиумска инсценировка се откритие првично на лево-ориентираните палестински терористички организации. Во 70-тите години нивните бомбаши се испраќаат токму на таков вид смртоносни мисии.

Десет години подоцна, со идејата за да биде задоволена содржаната во исламот забрана за самоубиство, либанската шиитска група Хезболах ја создава за своите бомбаши-самоубијци почесната титула “Истишади”. Така се нарекувани џихадисти кои се самоубиваат во рамките на операција која бара маченичка смрт.

Поимот драстично влегува во употреба – се користи и за сунитските бомбаши-самоубијци, кои ги напаѓаат шиитите. Така “Истишади” станува брзо амблем на исламскиот хероизам. Но од пред неколку години морале да ја делат славата со еден нов поим од ист ред – “Ингимаси”.

На арапски зборот има двојно значење – од една страна “нурнување” подлабоко во кампот на непријателот, за да биде тој изненаден, и второ – “целосно давање”. Новиот исламистички термин со кој се означуваат бомбашите-самоубијци, најверојатно е внесен од “Ал Каеда” во Ирак, уште пред групата да се подели на два завојувани табора – “Исламска држава” и “Фронт ал Нусра”.

“Мисијата” на “Ингимаси”

За разлика од “класичните” бомбаши-самоубијци, кои по една, до голема степен стандардизирана процедура, ги активираат своите бомби со притискање на копчето, “Ингимаси” има многу комплексни задачи кои се насочени кон едно: ефикасноста на нападот и бројот на жртвите да се максимално високи. При тоа дали ќе дојде до саморазнесување, зависи од ситуацијата и можностите да се достави доволно количество експлозив до зацртаната цел.

“Фронт ал Нусра”, на пример, го имаше пред две години следниов проблем во северна Сирија: тој беше подложен на траен оган од една зграда. Зградата нема како да биде напаѓана со автомобил-бомба, бидејќи никакво возило не може да стигне до руинираниот, цврсто заграден регион. Наместо тоа се испратени двајца вооружени “Ингимаси”, кои успеваат да навлезат до куќата и таму да експлодираат, за да се смири непријателот.

Денес нивните дејства може да се проследат од секого на Јутјуб. Во друг случај, пак, двајца борци од “Ал Нусра” успеваат да стигнат до внатрешноста на една добро обезбедувана непријателска база каде ги активираат ремените со експлозиви и ја предизвикуваат смртта на голема група сириски војници.

Новата генерација бомбаши-самоубијци

Терористичките милиции на “Исламска држава” не отстапуваат ни најмалку на “Ал Нусра” и имаат свои “Ингимаси”, кои, најчесто во мали групи, периодично успеваат да навлезат подлабоко во непријателските области и да го вклучат противникот прво во престрелка, потоа преку детонацијата да му предизвикаат сериозни човечки штети. Овој вид операции сепак нема како да бидат снимени, за разлика од најсмртоносните походи на бомбашите-самоубијци кои се снимени од поголема далечина.

Веројатно и поради тоа “Исламска држава” го користи во своите пораки терминот “Ингимаси”, за да се сее уште повеќе страв, бидејќи вистинското неговото значење не е нужно јасно дури и на арапските читатели – тоа се добива така што арапските медиуми често го објаснуваат . Во почетокот на јули и излегува во Лондон саудискиот весник “Аш-Шарк ал-Аусат” “, пишувајќи за загадочниот феномен” Ингимаси “, ги опиша борците како” новата четврта генерација бомбаши-самоубијци на “Исламска држава” “.
Потомци на раноисласките “суперборци”

Во Франција овој феномен го привлекува вниманието уште пред нападите во Париз од минатиот ноември. Во објавеното интервју во неделникот “Актуалите жјуив” со експертот по џихадизам Ромен Кале, тој ги одредува бомбашите-самоубијци од парискиот клуб “Батаклан” како “Ингимаси”. За опасностите поврзани со овој нов тип тероризам, неодамна напиша и весникот “Монд”.

Атентаторот од Ница Мохамед Лауиџ Булел најверојатно исто така, припаѓа кон овој тип терористи. И со цел идентификација, и за инспирација, повикувајќи се на храбрите подвизи од времето на пророкот, на исламистите им е полесно да ги убедат за “Ингимаси”, отколку веќе познатиот тип бомбаши-самоубијци, кои се производ на модерните технички времиња. Фалените рано-исламски “суперборци” се издвојувале со тоа што нападнале голем број непријатели и успевале да ги победат.

Некогаш и сега

Еден од споменатите примери е слугата на Мохамед – Ал-Бара Бин Малик, прочуен со својата храброст и инвентивност. Во една одлучувачка битка тој инсистирал неговите другари да ги пренесат надвор камњеата на непријателската тврдина, за да може тој да им ги отвори портите . Пред да го стори тоа, Бин Малик налетал право во рацете на непријателите и покрај многубројните рани успеал да убие десет од нив. Битката била освоена од муслиманите токму благодарение на неговото херојство.

Во 2005 “Ал Каеда” во Ирак го нарекува еден од своите баталјони со името на легендарниот Муџахед, денес група од сириски џихадисти во Алепо, кои се борат против силите на Асад под името “Бригада на Ал-Бара Бин Малик”

Во имагинацијата на исламистички мотивираните бомбаши кои дејствуваат поединечно, и кои во последно време се почесто напаѓаат цели на Запад, брзо може да се направат паралели меѓу некогашните воени противници на муслиманите и денешните “независни” цивили. За Тунижанецот Лауиџ Булел, на пример, е познато дека се заинтересирал преку на интернет не само од видеоснимки со манифестации на исламистичко насилство, но и од авганистанскиот масовен убиец Омар Матин, кој на 12 јуни застрела речиси 50 лица во геј клуб во Орландо .

Под знамињата на “Исламска држава”

Матин бил навлезен длабоко во “противничкиот” камп, а за Лауиџ Булел цел биле мноштвото луѓе, собрани на шеталиштето во Ница, за да го прослават националниот празник на земјата. Самиот Булел не бил француски државјанин и веројатно не би можел и да стане поради претходни злосторства.

И додека едно саморазнесување би имало помал ефект на долгото шеталиште, стратегијата на Лауиџ Булел се покажува многу посмртоносна. А и еден “Ингимаси” атентатор си ја остава и опцијата да искористи и огнено оружје, ако возилото му биде запрено.

Да се втурнеш среде група од немуслимани и да убиеш што е можно повеќе од нив е и ракопис во последните напади на 17-годишниот веројатно пакистански кандидат за азил во возот крај Вирцбург, и на 27-годишниот сириски бомбаш-самоубиец во Ансбах.

Првиот откако ги нападнал патниците и повредил тешко некои од нив, се насочува со секира и кон полицајците, кои на крајот го застрелале. А сирискиот кандидат за азил се саморазнесува во Ансбах со бомба која содржи бројни остри метални делови. Ако беше успеал да влезе на територијата на тековниот во градот музички фестивал, сигурно ќе требало да има многу повеќе жртви.