Обединетиот удел на јужнокорејските производители на смартфони “Самсунг Електроникс” (Samsung Electronics) и “Ел Џи Електроникс” (LG Electronics) на северноамериканскиот пазар достигна во вториот квартал на 2016 година рекордни 49%.
Ова го објави во средата маркетинг агенцијата “Стратеџи аналитикс” (Strategy Analytics), цитирана од агенциите. “Уделот на Samsung Electronics е зголемен за овој период со 5%, достигнувајќи 32,7%”, се истакнува во соопштението.
Според агенцијата, во исто време, уделот на американскиот Apple на северноамериканскиот пазар за смартфони се скрати од 32,6 до 24,5%. Ова е прв пат во последните две години, во кој “Самсунг” успеа да го постигне овој ефект. “Ел Џи Електроникс” е на трето место во рејтингот со 16,3%, потоа е кинескиот производител ZTE со 9,5%. На петто место се TCL и “Алкател” (Alcatel) со 4,6%.