Орландо Блум реши да ја повози девојката Кејти Пери на својот педл борд, но скроз гол.4e8e502118d61c462f5b82477013366e

Британскиот актер и американската поп звезда во моментов се на одмор на Сардинија, Италија.

Очогледно голотијата не е нешто што му пречи 39-годишниот Орландо и тој одби да го носи костимот за капење, и покрај присуството на папараците во близина на двојката.

Што се однесува до Кејти, таа очигледно не го дели ставот на нејзиниот сакан за голотијата на јавно место или едноставно не паѓа на нудизмот.

Во исто време Пери исто не изгледаше загрижено од тоа дека Блум одлучи да фаќа рамномерен тен по целото тело и стоеше до него необеспокоена, по костим за капење од два дела.

По сè изгледа дека романтиката за двојката е на дневен ред, иако во последниве недели, тие често беа поделени поради обврските на пејачката.

Фото: nydailynews.com