Покрај трагедијата, уште една мака: Како и каде да погребеш злочинец !?

од desk3
85 прегледи

 

Џихадиститe убиваат многу луѓе при напади, како и масовните убијци-психопати обично ја наоѓаат смрт за време на самото злодело. А потоа? Што да правиме со нивните тела и какви ризици се поврзани со нив?- анализра DW.

0,,19446725_303,00

Што да правиме со телата на мртвите џихадистички бомбаши? Ова прашање си го поставуваат властите во Вирцбург, каде еден 17-годишен обожавател на “Исламска држава” (ИД) нападна со секира и нож патници во возот и беше застрелан од полицијата. Постапуваа го и во Ансбах, каде 27-годишен исламистички бомбаш-самоубиец се разнесе во близина на влезот на музички фестивал и рани многу луѓе.

Обвинителството засега ги задржува двата трупа. Општината во Вирцбург не е свесена кој ја носи одговорноста за погребот на атентаторот. Не е јасно и каде ќе биде погребан тој: дали во муслимански или во нормални гробишта, со име или без име, кој ќе ја плаќа сметката? Слични прашања си ги поставуваат и во Ансбах.

Германија нема искуство

Досега од исламските заедници во Баварија никој нема побарано да го преземат погребувањето на атентаторите. Кога тоа ќе се случи, сигурно ќе се појават тензии, бидејќи меѓу самите муслимани има спротивставени ставови. Полномошникот на Централниот совет на муслиманите во Баварија пример смета дека на бомбашите не им припаѓа муслиманска погребна церемонија и муслимански гроб.

Во Франција веќе имаат искуство во погребување на џихадисти. Таму сите исламски заедници во земјата одбија да ги погребуваат двајцата бомбаши, кои во една црква заклаа возрасен духовник. По нападите во Париз исто се разгоре бурна дискусија за темата. Познато е само дека еден од бомбашите во клуб “Батаклан” бил погребан во безимена гробница во своето родно место. На ист начин беа погребани и двајцата исламисти, кои убија 12 лица во нападот на сатиричниот магазин “Шарл Ебдо”.

0,,19446704_404,00
Ризиците

Како се погребуваат злите, кои предизвикале толку мака на многу луѓе? Ова прашање си го поставуваат денес во Германија не само во врска со исламистичките заседи, туку и со масовниот убиец од Минхен, кој не беше џихадист. Психолозите често пати повторуваат дека за ожалостените роднини од таквите убијци-психопати обично е многу важно да се простат достојно со својот близок. Проблемот е деликатен и болен. Во повеќето случаи таквите луѓе се кријат во безимени гробови – вклучувајќи и од страв дека гневни луѓе може да го сквернават гробот. Така се случи со убиецот-психопат од Ерфурт, кој во 2002 година уби 16 лица, а потоа се самоуби – него го погребаа на непозната локација. На тајно место се наоѓа и гробот на масовниот убиец од Винеден, кој во 2009 година уби 15 ученици и наставници, пред да стави крај на својот живот.

0,,19446701_404,00
Кон стравувањата од свернавења се додава и друга тревога: дека гробот на еден убиец може да се претвори во место за аџилак за други психопати и фанатици. Нешто како храм, каде што ќе се собираат имитатори. По тој повод имаше жестоки спорови каде да бидат погребани двајцата терористи од групата “Национал-социјалисти нелегални”. За едниот од нив се знае дека бил погребан анонимно во заеднички гроб во Јена – токму за да не се привлекуваат неонацисти. Властите во Јена го забележаа ужасното искуство на колегите во гратчето Вунзидел каде е погребан заменикот на Хитлер – Рудолф Хес. Години таму доаѓаат обожаватели на Хитлер и националсоцијализмот, додека конечно властите беа принудени да го растурат гробот.