
Македонијо, љубави, морам да те симнам од себе, не, не, не, остави ги сексуалните алузии, морам да се измијам од тебе, целиот ме извалка, кир со ми во порите, метил алкохол во крвта, креч во вените, ангина пекторис, сепса, сепса си ми ти и благ бактериски менингитис примитивис, барам море, љубави, со многу сол, земја без фаланги, без диви насеља и мечкини камења, без вмро, обично, чисто место барам, или некоја бања да се расквасам, да се дезинтегрирам од тебе валканицо моја, отрове мој, да те растворам во некоја туѓа убавина. Па да облечам фина ленена кошула, куси панталончиња, може некој Гант од првиот аутлет и Хилфигер на нозете и да седнам ко човек кафе да испијам на Кроазета и да го мислам Универзумот.
Бранко Тричковски
Фејсбук статус