Британската писателка Џоан Роулинг се приклучи на дискусијата за природата на женскиот оргазам, пишува The New York Times.
Авторката на серијалот за Хари Потер го сподели и мислењето на Twitter. Таа социјална мрежа писателката ја користи првенствено за да коментира книги.
Овој пат таа одлучи да го сподели своето мислење за работата на американските научници, кои дошле до заклучок дека не е важно да се истражува биолошката гледна точка на женскиот оргазам, бидејќи тој нема “еволутивна функција”.
“Да, изгледите да исфрлите од вагината предмет тежок три кила и пол е можеби повеќе од доволен мотив за секс”, изјави саркастично писателката, која очигледно многу се налутила на овие специјалисти.
Заклучоците од нивното истражување тие го објавиле во написот “Научниците размислуваат над загатката за еволуцијата на женскиот оргазам”. Таа е објавена во The New York Times на 1 август и предизвика широка дискусија во мрежата.
Првиот роман на Роулинг “Хари Потер и Каменот на мудроста” е објавен во 1997 година.
Вкупниот тираж на продадените книги е повеќе од 500 милиони копии. Романите на Роулинг се преведени на 67 јазици. Роулинг напиша и три книги под псевдонимот Роберт Галбрејт.