Царот паѓа ! Власта се плаши од жена на тронот…

од desk3
98 прегледи

Може ли императорот да абдицира? Ова прашање станува актуелно во Јапонија – држава, позната по строгото почитување на традициите.

Во Уставот таква можност не е предвидена, а конзервативците се плашат дека ако основниот закон биде променет сега, подоцна дури жени ќе можат да го наследат тронот.

82-годишниот Акихито се појави денес во своето второ видеоо-обраќање кон народот и изјави дека се ‘потешко ги исполнува обврските на император поради напредната возраст.

Императорот сега

Според повоениот устав на земјата, императорот е “симбол на државата”, а некогаш беше сметан за поврзан со боговите. Тој нема политичка моќ.
Акихито помина срцева операција неодамна, а беше болен и од рак на простата. Неодамна државната телевизија NHK објави дека тој би сакал да абдицира. Самиот император не ги изговори овие зборови во денешниот говор, бидејќи тоа би се сметало за мешање во политиката.

Неодамна, сепак тој презема сè помалку јавни ангажмани, а неговиот наследник – 56-годишниот принц Нарухито, се вклучува активно во царските обврски.
Јавното мислење

Повеќето Јапонци би ја почитувале желбата на Акихито да се повлече, но за целта е потребна промена во Уставот. Премиерот Шинзо Абе исто коментира дека е време да се размисли какви можности за тоа постојат.

Идејата за абдикација сепак беше пречекана непријателски од конзервативците на Абе. Тие се плашат дека промените можат да стигнат дотаму што ќе дозволат и на жени да го наследуваат тронот.

zx450y250_2807969

Сегашниот наследник Нарухито има само една ќерка и според сегашните закони втор во линијата на наследување е брат му – принцот Акишино.

Конзервативците се плашат уште дека започнувањето на таква дебата ќе го пренасочи фокусот од дискусијата на нов устав, кој ќе ги прошири воените овластувањата на земјата. Тие го прифаќаат сегашниот основен закон за понижувачки потсетник за загубата на Втората светска војна. Приврзаниците на Уставот сметаат дека на тоа се должат токму спецификите на мирот и демократијата во земјата.

Овој процес веќе започна, откако минатата година беа одобрени два контроверзни законот кои ги променија законите за безбедноста на земјата и покрај сериозните протести. Пратениците дозволија јапонската армија да се бори и надвор од границите на земјата – нешто што до неодамна беше забрането.