
Германското тунинг-ателје Carbonfiber Dynamics претстави доработена верзија на “надуениот” седан BMW M5. Експертите од компанијата тврдат дека тоа е најмоќната верзија на возилото во светот, откако успеаја да го зголемат моторот до 830 КС Стандардната BMW M5 има 4,4-литарски V8 мотор, чија моќност е 560 КС. Зголемувањето со 270 КС е постигнато благодарение на преработените турбополначи и модернизација на системот за издувни гасови на возилото.
По интервенцијата на инженерите од Carbonfiber Dynamics седанот забрзува од 0 до 100 кч / ч за 3,4 секунди, а брзината од место до 200 km / h постигнува за 10 секунди.

Засега нема информации колку максимум може да вози овој автомобил. За неговата направа екипата на германското тунинг-ателје ја искористиле помошта на колегите од јапонската фирма 3DDesign. Тие ги направија предниот и задниот спојлер на возилото, страничните престилки и задниот дифузер. Ова не е прв ваков проект на германското студио. Претходно оваа година компанијата претстави својата програма за доработвање на спортското купе BMW M4, при што моќноста на моторот од 431 КС беше зголемена на 700 КС