Сексот за време на менструалниот циклус е табу за многу жени, но и мажи. Мислата за крвта често го инхибира либидото и побрзо предизвикува одвратност и одбивност отколку возбуда.
Не сите парови имаат слични скрупули сепак. Излегува дека освен тоа сексот за време на менструалниот циклус има и голем број на бенефиции. Кои се тие?
Навлажнувањето се олеснува
Вагиналната сувост е чест проблем. Таа предизвикува непријатност и болка. Понекогаш жените дури се откажуваат од сексуални искуства поради непријатните сензации кои ги предизвикува вагиналната сувост.
Менструалниот циклус, сепак се јавува како природна подмачкувачка течност. Доста е и двајцата партнери да се согласуваат со оваа опција, сексот во овој период може да е возбудлив.
Сексот лечи менструални болки
Хормоните на среќата , кои се ослободуваат за време на оргазам, ги потиснуваат грчевите и ја намалуваат болката предизвикана од менструацијата. Што подобра причина да го правите тогаш од оваа?
Сексот за време на менструацијата го скратува времетраењето
За време на оргазам матката и вагиналните ѕидови добиваат контракции. Тоа предизвикува контракција на ткивата во оваа област и намалување на крвотокот. Затоа крварењето запира побрзо, со што циклусот ви се скратува. Одлично!
И така и така сте возбудени цело време
Многу жени чувствуваат возбуда за време на менструалниот циклус. Ако партнерот е во ред со мислата за секс во тој период од месецот, искористете ја. Докажано е дека оргазмите за време на циклус се уште посилни.
Сексот го регулира менструалниот циклус
Колку повеќе правите секс за време на циклусот , толку повеќе телото и хормоните ви се регулираат и влегуваат во синхронизација. Не го ставајте сексот за време на менструација во графата “забранети теми”.
Направете го неколку пати во овој момент и ќе се убедите колку позитивно одговара телото на тоа пријатно искуство.