(ВИДЕО) Се запали хеликоптер на британското Кралско воено воздухопловство

од Vladimir Zorba
89 прегледи

snoudanija

Хеликоптер за обука на британското Кралско воено воздухопловство денеска морал принудно да слета на планински врв во Велс, по што се запалил, соопшти британското Министерство за одбрана.

Сите четири лица кои биле во хеликоптерот Грифин безбедно го напуштиле леталото во кое се појавило „технички проблем“, стои во соопштението и се додава дека хеликоптерот по слетувањето се запалил.
На снимките, кои ги направиле планинари се гледа густ чад како се издига над врвот Ир Аран на планинскиот венец Сноуданија, на северот на Велс.

Полицијата и итната помош веднаш пристигнале на местото на инцидентот.