Никој не ги сака првите средби – тие се стресни, може да поминат многу лошо, а и тензиите дали човек ќе се претстави во најдобра светлина и дали другиот ќе му се допадне е огромна. За капак секогаш во главата надвиснато е прашањето: Ќе имаме ли секс подоцна?
Стереотипите во врска со сексот на првиот состанок сè уште се многу силни. Жените веруваат дека ако се оддадат на интимни бакнежи веднаш ќе изгледаат “лесни” и “распуштени” во лицето на мажот и ќе ја убијат шанса за сериозна врска. Но, дали веќе не е време да ги оставиме овие закоравени убедувања и да уживаме во животот и сите задоволства кои ги нуди во различна форма?
Доста истражувања и анкети во последните неколку години покажуваат дека мажите ни од далеку не ги омаловажуваат и потценуваат жените кои се подготвени да си легнат со нив на првиот состанок. Неколку врски започнуваат токму со секс игри.
Еве и неколку добри причини да сепрепуштите на инстинктот и на либидото, кога тоа ќе се јави:
1. Тој нема да помисли ништо лошо за вас, ако имате секс на првиот состанок
Анкета од 2013 година во списанието Cosmopoitan покажува дека 83% од жените веруваат дека мажите ќе ги сметаат за лесни, ако се согласат веднаш на секс. Вистината е дека тоа не е точно. 67% од анкетираните мажи признаваат дека за нив сексуалноста на жената не ја омаловажува нејзината вредност и квалитети.
2. Ќе го натерате да сака уште
Кој вели дека сексот на прва вечер ќе ги одврати мажите? Па тие обожаваат да имаат секс и ако падне на уверена и немирна партнерка ќе сакаат уште и уште.
Спротивно на очекувањата во овој случај шансите за втора средба скокаат постојано.
3. Сексуалниот напон се намалува
Ако не правите секс долго време, сексуалната тензија само ќе се зголемува и секој пат кога ќе се видите, ќе се прашате: Да почекам ли уште малку? Дали нема да ме шутне, ако не му дадам и овој пат?
4. Хемијата е хемија
“Ако има хемија, едноставно ја има. И од машка перспектива не е важно дали ќе се занесете на прва или седма средба “, тврди секс експертот Џеф Вилсер.
Ако и двајцата се сакате силно, нема причина да ја одлагате размената на страст.
5. Мажите го сакаат!
Според истражувањето на Здружението на неврзаните во Америка, направено во 2014, 41% од мажите во Њујорк сметаат дека сексот на првиот состанок е “многу погоден завршеток на вечерта”.
6. Ќе дознаете веднаш дали сте сексуално компатибилни
Сексот е многу важен за една врска. Дури и да одговарате по карактер, ако не сте компатибилни во кревет нема смисла да се борите да градите интимни односи.
Во случај дека поминете една неверојатна ноќ, привлекувањето меѓу вас ќе стане уште посилно.
7. И сепак ќе имате секс!
Дури и да не си се допаднете и да не се видите повеќе, ако сте си заминале од креветот со неколку оргазма, нема причина да жалите. Сексот е задоволство, не се лишувајте од него заради некакви предрасуди и инхибиции.