Политикантот Македонец историски ќе ја запамети “ПР Битката кај Стајковци”

од desk3
91 прегледи

Најпрво што подразбирам под “Политикантот Македонец” !? Тоа е обичниот гласач кој не е професионален политичар, туку политикантски секојдневно во слободното преме ги толкува политичките потези на македонската политичка сцена…

Но зошто историски ќе ја запамети “ПР Битката кај Стајковци” !?

Зарем не забележувате дека на исто место скоро во исто време се најдоа Заев и Груевски и им  помагаат на жителите… каков ПР!… но секако тоа медиумската технологија им го овозможи…

Ама ете за беља дел од народов се испамети… стручно тоа се вика “психолошко пелцување  (вакцинација)”… или преведено поголемиот дел од гласачите научија (дел самите, дел од ПР  комуникациите со СДСМ) што е медиумска пропаганда, дека таа не соодветсвува со реалноста и  нормално изреагираа…а подебелиот крај го извлече Груевски… нормално сака да се покаж е  како спасител, а на народот му е “скиснато” од театри…


“Ku shkon, ku ik”, kështu i drejtohen Gruevskit… by tvshenjaofficial

Ама видете ги овие две фотографии Заев со лопата, Груевски со канта полна кал… (Ако го  разгледаме тоа суеверно, изгледа како Заев да се фаќа за лопата за да извежба стартување на  инвестиции, а Груевски како да се обидува да се извлече од калта во која заглавил)…

lideri

Сепак, да не си дозволиме така да ја толкуваме иднината…

Но главното на што сакав да се задржам е ПР-аспектот на политичкото демонстрирање на  емпатија и блискост со народот… Сите сакаат да се “излизгаат на емоциите на народот за  мачното санирање на штетите”…

А политичкиот теоретичар Ноам Чомски во 10 -те правила за медиумска манипулација, во 6-тото правило ќе рече:

  1. ЗЛОУПОТРЕБА НА ЕМОЦИИТЕ

Класична техника која се користи со цел да се предизвика „краток спој“ во процесот наразумно расудување. Употребата на емотивниот регистер овозможува пристап до несвесното и  можност за имплементација или прифаќање на идеја, желба, грижа, страв или принуда, па дури и  индуцирање на одредени однесувања.

А бидејќи целите на пропагандата секогаш се да ве збунат за да не можете да изградите свој  целосен заклучок на нештата, бидејќи цело време ве бомбардираат со информации, ќе треба  самите да донесете заклучок кој повеќе се грижи за народот Заев или Груевски ?

Сепак придружбата на Заев не тепаше никого, а не видовме и да го исвиркаат!

А дека изборите се последен влог за идината и на едните и другите,  зборува фактот колку и  едните и другите се трудат да се експонираат пред електоратот, чиниш после санирањето на  штетите во поплавениот регион ќе седнат  на премиерската фотелја…

Ете за прв пат по 25 години плурализам се случи за прв пат политичко-медиумската “Битка кај Стајковци” !?

За овој четвртина век сите политичари досега каде и да одеа беа по кошула и машна и само издаваа наредби… сегашниве се по маички и гумени чизми… и секако помагаат…нЕли.. Досега не бевме виделе вакво нешто… ИСТОРИЈАТА НИ ЈА ПОКАЖУВА ИДНИНАТА…

Очигледен е очајот кај власта, опозицијата и кај народот… едните ако ја изгубат власта  ќе пропаднат, другите ако не ја освојат власта ќе се разединат, а народот веќе и  онака е најдолу- само ќе се доудави во калта !

Ама за крај нешто од историјата и библијата, за оние кои само помагаат и даваат:

А ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната, — Матеј 6,3.

 

Филип Ѓурчиновски