Покемон Гоу има позитивен ефект врз здравјето

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Жешката игра Pokemon Go има корисен ефект врз здравјето на играчите, бидејќи го стимулира движењето, се вели во написот на Британскиот медицински журнал, цитиран од весникот “Гардијан”.4993399 Играта не е означена како здравствена мобилна апликација, но и покрај тоа се смета за корисна, бидејќи играчите одат многу, за да “ловат” Покемон.

Според авторот на статијата д-р Маргарет Макартни апликацијата ги претвори улиците на Велика Британија во игралиште. Таа дава за пример еден од играчите на Pokemon Go кој поминал 225 километри од неговото пуштање во земјата и така ослабел 12,7 кг., само додека собирал Покемони. Според зборовите на д-р Макартни апликацијата би можело да помогне за превенција на дебелината и дијабетес тип 2.

Сепак таа забележува дека овие заклучоци сè уште не се на основани на научни истражувања. Во својата статија авторката наведува дека независно од придобивките на апликацијата, таа мора да биде направена побезбедна за играчите, давајќи пример со луѓе кои биле спасувани од пештери или од мориња, обидувајќи се да “фатат” Покемон.

“Pokemon Go може и треба да биде направена побезбедна. Како и повеќето работи, играта има свои придобивки и ризици … Повеќето апликации за здрав живот, кои ја зголемуваат физичката активност, обично се насочени кон корисниците кои сакаат да бидат здрави. Pokemon Go не е означен како здравствена апликација, но играчите на крајот одат доста пеш “, вели таа.